Зеленски ги посети војниците на јужната линија на украинскиот фронт

Володимир Зеленски / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети украинските војници на југоисточниот фронт и им додели медали, соопшти денеска неговиот кабинет.

И Зеленски преку социјалните мрежи информира дека ги посетил војниците во селото Роботина, на јужната линија на фронтот „Запорожје.

Роботина. Локација на 65-та механизирана бригада. Разговарав со бранителите, им се заблагодарив и им врачив државно одликување. Чест е да се биде овде денеска, објави Зеленски.

Селото Роботина беше ослободено од украинските сили во текот на летото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот