Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот со Русија може да се искористи за мировен договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата го поздрави состанокот во Саудиска Арабија меѓу американските и украинските претставници како конструктивен и рече дека евентуалниот 30-дневен прекин на огнот со Русија може да се искористи за да се постигне поширок мировен договор.

Зеленски ја даде оваа забелешка за време на брифингот во Киев, каде што рече дека Украина ги поддржува напорите на САД да се стави крај на тригодишната инвазија на Русија што е можно поскоро и дека продолжувањето на американската воена помош и размена на разузнавачки информации е многу позитивно.

„Имавме дискусии за територијални отстапки“, откри претходно американскиот државен секретар Марко Рубио, мислејќи на разговорите меѓу американските и украинските делегации , кои се одржаа во Џеда.

Американскиот државен секретар најави дека САД во среда ќе имаат контакти со Русија во врска со постигнатиот договор со Украина за 30-дневен прекин на огнот и чекори кон завршување на војната.

САД се задоволни што Украина дојде на преговарачка маса, сега останува на Русија да каже „да“, изјави Марко Рубио.

Украинскиот претседател претходно истакна дека „Украина е подготвена да потпише рамковен договор со САД за метали од ретки земји“.

„Украина е подготвена да потпише рамковен договор. Како прв чекор. Секогаш зборувавме за тоа. Искрено, мислев дека ќе го потпишеме порано. Нема што да се дискутира. Зад сцената нема тајни. Подготвени сме“, нагласи украинскиот претседател.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот