Зелен коридор за увоз – извоз на храна и медицинска опрема

Очекуваме во наредните денови да се надмине проблемот со епидемиолошките услови што треба да ги исполнат возачите при транзитирање, а со тоа и компаниите слободно да ги планират набавките, вели директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

Приоритетни ленти за камионите со храна, репроматеријали за прехранбената индустрија, за медицинска опрема и материјали. Ова е темата која ќе ја разгледуваат директорите на царините од ЦЕФТА регионот кои попладнево преку видео конференција треба да договорат воспоставување т.н. зелен коридор.

Веруваме, дека многу бргу ќе се воспостави тој слободен промет што има значително влијание на ослободување на притисокот на производствените капацитети истакна директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, по денешниот состанок во Министерството за економија на кој се разгледуваа опциите за овозможување слободен проток во ЦЕФТА.

Танасоски очекува во наредните денови да се надмине проблемот со епидемиолошките услови што треба да ги исполнат возачите при транзитирање, а со тоа и компаниите слободно да ги планират набавките.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот