Зеколи до Американската амбасада: Дали најавите за санкции се дел од шемата на ФБИ и Еди Рама за уценување на опозицијата?

Поранешниот амбасадор и политички аналитичар Арсим Зеколи на Твитер постави четири прашања до Американската амбасада во Македонија во врска со функционерот на ФБИ кој ја водеше истрагата за руските врски на Доналд Трамп, Чарлс МекГонигал, кој деновиве е под сомнение дека примал пари од рускиот олигарх Олег Дерипаска, кој е поврзан со Владимир Путин.
Еве што пишува Зеколи, кој алудира на поврзаност меѓу најавите на амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер за додавање на функционери и други поединци од Македонија на „црната листа“ на санкционирани од Вашингтон и „шемата на ФБИ и Еди Рама за уценување / дефамација на опозицијата според моделот употребен од ФБИ и Рама против Сали Бериша“.
„Прашања до Американската Амбасада во Северна Македонија:
1.Дали Македонија е засегната од шпиунско – коруптивната шема на ФБИ Агентот МекГонигал која ги потресува САД и Албанија?
2.Дали мрежата на влијание од МекГонигал преку Еди Рама ги опфаќа и Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Зоран Заев, Арбен Таравари како блиски до Рама?
3.Дали тековните напори за „зајакнување на коалицијата” е дел од истата шема ФБИ виа Рама?
4.Дали најавите за санкции и црни листи се дел од шемата на ФБИ и Еди Рама за уценување / дефамација на опозицијата според моделот употребен од ФБИ и Рама против Сали Бериша?“, пишува Зеколи.
Прашања до Американската Амбасада во Северна Македонија.
1. Дали Македонија е засегната од шпиунско – коруптивната шема на ФБИ Агентот МекГонигал која ги потресува САД и Албанија?
— Arsim Zekolli (@ArsZek) January 31, 2023