Зејнула Асани, филигранист и кујунџија: Татко ми направи накит за Салма Хајек, а во земјава никој не те цени!

филигран
Фото: Приватна архива

Дуќанот на семејството Асани ќе ви остане во сеќавањето поради автентичноста. Мајсторот Џељо за да покаже дека е од село во дуќан ставил оџак… Долга е традицијата на филигранството во Македонија, а семејството Асани се едни од оние кои стојат зад овој занает.

Мајсторот Џељадин Асани, познат како мајстор Џељо, го развива овој занает пет децении и дури успеал да создаде уметност и за една од најубавите жени во светот-Салма Хајек.

Поразговаравме со неговиот син, Зејнула Асани, познат како Ѕуни, кој го добил прекарот од дедо му, Ѕејнул Асани.

златар
Фото: Приватна архива

Од кога датира традицијата на филигранство во вашето семејство?

– Од пред 52 години кога почнал татко ми. Го зел занаетот од Старата чаршија и дури и денеска го работиме фамилијарно – татко ми, јас, брат ми и сестра ми. Дедо ми бил дуќанџија, ама не бил филигранист.

Дали изработките во дуќанот се ваши?

– Да, филигранот што го гледате тука, има филигран што го работи сестра ми, а работиме и по нарачки. Се занимаваме и со кујунџиство, и со изработка на ремени. Ремените се стари и над сто години, правиме и сервис. Има луѓе што се мераклии и ги чуваат, некои и за носии, па доаѓаат кај нас за сервисирање. Ние сме единствени што сме и златари и филигранисти и кујунџии.

Целиот текст и коментарите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот