Здружението на пензионери Куманово ќе подели ваучери од 1000 денари за членови со ниска пензија

Пензионери/ Фото: МИА

Кумановското здружение на пензионери од понеделник ќе почне со поделба на вредносни ваучери од 1.000 за членовите кои примаат најниска пензија, соопштија денеска надлежните од здружението. Предвидено е да бидат поделени 750 ваучери од 1.000 денари за членовите кои примаат пензија до  11.000 денари.

– Ваучерите се доделуваат на членовите кои имаат ниска пензија. Средствата се дел од годишната програма на здружението  определни во годишната програма во рамки на хуманитарно-социјалниот проект, изјави претседателот на здружението на пензионери Куманово, Благе Јакимовски.

За да подигнат ваучер, пензионерите ќе треба да приложат фотокопија од лична карта и чек од  последна пензија. Многу важно е, нагласува Јакимовски кога ќе ги подигаат ваучерите, пензионерите да ги почитуваат препораките, да носат маска, да држат дистанца пред здружението.

-Нема право да се пријават пензионерите кои веќе користеле ваучер во 2019 и 2020-та година, изјави Јакимовски.

Здружението на пензионери Куманово е едно од најактивните и најбројните во државата со над 14.500 членови. Во рамки на активностите здружението нуди и еднократна парична помош за заболени членови, поддршка за бањски туризам.

Оваа активност влегува во годишната програма на здружението врз основа на планираниот финансиски план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот