Здравство: Граѓаните да даваат веродостојни и точни информации во епидемиолошката анкета

Министерството и апелираат до граѓаните да даваат веродостојни и точни информации во епидемиолошката анкета за нивната здравствена состојба, како и да ги почитуваат мерките од надлежните институции за заштита од коронавирусот. 

Министерството за здравство соопшти дека од денеска е во функција уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Идадија.

Граѓаните на Скопје можат да се тестираат во четирите пункта и тоа во поликлиниките „Јане Сандански”, Ченто, Чаир и Идадија. Со ова, двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје. Од минатата недела во функција се и пунктовите во градовите: Штип, Тетово, Струмица, Прилеп, Охрид, Куманово, Кочани, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Струга, истакнуваат од Министерството.

Граѓаните, како што се посочува, одат во пункт за тестирање само во точниот термин, закажан преку нивниот матичен лекар, а не директно во пунктот.

Граѓаните кои имаат симптоми на КОВИД-19, но и тие без симптоми треба да се јават кај својот матичен лекар и точно и вистинито да одговорат на епидемиолошката анкета. Согласно ова, матичниот лекар врз база на евалуација на здравствената состојба и податоците го спроведува тестирањето, односно укажува на тоа дали кај пациентот е потребно тестирање. Во овој процес, вклучени се близу 1.200 матични лекари кои освен за детекција се задолжени и за следење на пациентите, наведуваат од Министерството.

До крајот на неделата, почнуваат со работа и други пунктови ширум државата во здравствените домови согласно големината на градот, што всушност значи тројно зголемување, потенцираат од Министерството и апелираат до граѓаните да даваат веродостојни и точни информации во епидемиолошката анкета за нивната здравствена состојба, како и да ги почитуваат мерките од надлежните институции за заштита од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот