Здрав и сочен ручек: Лосос со ароматични зачински билки

лосос билки копар власев капари

Лососот е одличен избор за оброк богат со протеини и здрави масти, а летната сезона е плодна со ароматични билки кои даваат неодолива комплексност од вкусови на секој оброк. Овој рецепт е брз, здрав и сочен.  Сè што треба да направите е да ги набавите свежите состојки и да уживате. 

Потребни состојки:

  • 4 стекови од лосос
  • 2 лимони
  • 1 тегличка капари
  • 10 гранчиња власец
  • 4 гранчиња магдонос
  • 2 гранчиња копар
  • 100 мл маслиново масло
  • сол и бибер по желба

Подготовка:

Измијте ги и исушете ги зачинските билки. Исплакнете ги и исцедете ги капарите и копарот. Изрендајте ги лимоните и ставете ја кората од лимон во сад. Излупете го остатокот од лимонот и ставете ги излупените парчиња лимон заедно со зачинските билки и копарите и капарот во истиот сад. Посолете и побиберете, а потоа додадете го маслото. Преливот оставете го да отстои најмалку два часа. Измијте ги стековите од лосос и малку исушете ги. Печете ги на загреана тава, со кожата свртена надолу, околу 10 минути. Три минути пред крајот, свртете ги на другата страна. Печените шницли од лосос ставете ги на чинија и прелијте ги со претходно подготвениот прелив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот