Насловна корица на книгата во издание на „Фан Ноли“

Збирката раскази „Делфинот“ на Александар Прокопиев доби превод на албански јазик во Тирана

Деновиве е објавен албанскиот превод на книгата раскази „Делфинот“ кај познатото книгоиздавателство „Фан Ноли“ од Тирана. Преводот од македонски јазик е на Никола Судар, а книгата се препорачува како возбудливо дело на еден од „најдобрите балкански постмодернисти“.

Во најавата на книгата се истакнува стилското умеење, но и човечноста на авторскиот ракопис на Прокопиев, длабокото копање по интимноста, каде што ликот на Жената, Мајката, Маѓепсничката, Вештерката се дадени емотивно, но и духовито.

Збирката раскази „Делфинот“ е четврта книга на Прокопиев преведена на албански јазик, и трета, по „Човечулец“ и „Ѕиркач“ објавена кај реномираната издавачка куќа „Фан Ноли“ во Тирана.

Инаку, книгата раскази „Делфинот“ досега е преведена на словенечки, хрватски (распродадено издание) и бугарски јазик.

– Ме радува што книгите ми се преведуваат, иако се издадени пред десет или дваесет години – вели авторот – а и понатаму се читаат и оценуваат. Тоа е некој убав доказ за нивната долготрајност – додава Прокопиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот