„Алембик“ со концерт во МКЦ за новиот албум „Без никого да удриш“
Премиерната концерна изведба на вториот студиски албум „Без никого да удриш“ на дуото „Алембик“ ќе се одржи во Денсинг салата на Младинскиот културен центар на 11 јуни, со почеток во 20 часот.
Препорачано
„Алембик“ се состои од Ива Дамјановски на клавијатури, теремин и вокал и Виктор Танасковски на гитара и вокал. Нивниот прв, истоимен албум е издаден во 2022 година и е посветен на конфликтот, но и на возможната симбиоза на природата и технологијата.
Тие имаат остварено многубројни настапи низ цела Европа, како и на домашната сцена.
Во новиот албум тие соработуваат со Андреа Мирческа на бас, Драган Теодосиев на тапани и Филип Ефински како гостин на неколку траки. Албумот е посветен на борбата против насилството, што е тема присутна низ сите песни.
На концертот ќе може и за првпат да се погледне документарниот филм за процесот зад создавањето на овој албум, во режија на Теона Христовска. Исто така, ќе можете и да го купите првото винилно издание на „Алембик“ во продукција на „Мртов коњ“ и „Ракамакафон“.
View this post on Instagram


