Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Заврши вонредната состојба, нема замрзнати цени

Денеска завршува вонредната состојба согласно петтата одлука што ја донесе претседателот Стево Пендаровски минатиот понеделник.

Според Министерството за економија, трговците повеќе нема да имаат обврска да почитуваат одлуки што беа врзани со траењето на вонредната состојба.

Цените за повеќе стратешки производи до денеска се замрзнати на нивото пд 11 март 2020 година, но од утре, тие може слободно да се формираат. Престанува да важи Одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, а која се однесуваше на: леб, сол, шеќер, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови, лична заштитна опрема, средства за лична хигиена и дезифекциони средства, потрошен медицински материјал, медицинска опрема и апарати.

Веќе не важи и Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, со што престанува да важи обврската за формирањето на цени за портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони. Со одлуката наменета за вонредната состојба, маржата, односно разликата меѓу набавната и продажната цена, во трговијата на големо можеше да биде најмногу 10 проценти, а во трговијата на мало 15 проценти.

Не постојат ни ограничувања во однос на извозот на пченица затоа што престанува да важи Одлука за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица, како и издавањето на дозволи за извоз на брашно од Министерството за економија преку едношалтерскиот систем за дозволи.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот