Заврши европската одисеја на Е. Пелистер, Нексе повторно славеше за максимален скор со македонските екипи сезонава 

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Пелистер го завршија настапот во Лигата на Европа откако вечерва во Битола загубија со 21:22 и во реваншот против Нексе.

Првиот натпревар кој се играше во Хрватска заврши со триумф на Нексе од 26:29, а вечерва во Битола со одлична игра во второто полувреме, успеаја да ја зачуваат предноста и да обезбедат пласман во четвртфиналето на Лигата на Европа.

Нексе сезонава нема максимален учинок против македонските екипи, покрај двете победи над Е. Пелистер, два пати беше совладан и Вардар во рамки на СЕХА Лигата (25:24,28:25).

Битолчани одлично го започнаа натпреварот со два гола на Мараш и Табоада. На спротивната страна погодуваше Јагањац, но потоа на сцена стапи одбраната на битолчани која цели шест минути не дозволи да биде совладан Секељи и во 17 минута ги имаше потребните плус четири (7:3). Големи заслуги за победата на Нексе има голманот Радовановиќ кој средбата ја заврши со 14 одбрани, а токму со две негови одбранети шута на Табоада, гостите намалија на 7:5.

Потоа следеше период во кој се играше гол за гол и така беше до 25 минута кога гостите дојдоа до израмнување 9:9. Токму со нерешен резултат се замина на пауза (11:11), но стартот на вториот дел му припадна на Нексе.

Гостите вториот дел го започнаа со мини серија од 0:3 со головите на Мелиќ, Томиќ и Јелиниќ за водство од 11:14. Во продолжение од средбата, битолчани се обидуваа да ја анулираат негативата, но честите грешки и промашувања во нападот беа премногу за да се дојде до победа над Нексе. На крајот, хрватскиот тим славеше со 21:22 и обезбеди пласман во следната рунда во Лигата на Европа.

Мандалиниќ со шест гола беше најпрецизен кај Е. Пелистер, а се истакнаа и Табоада со пет, Периќ и Мараш со по четири гола, додека во редовите на Нексе Јелиниќ даде пет гола.
Хрватскиот тим во следната рунда ќе игра против ГОГ Гудме кој беше подобар од Бидасоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот