Зависници јадат трева, мачки и луѓе во ужасните талибански „болници“ за одвикнување од дрога

Фото: ЕПА/ЕФЕ

Еден од првите потези на талибанците кога се вратија на власт во Авганистан, беше брзото „чистење“ на државата од проблемот со дрогата. И покрај тоа што со децении профитираа од трговијата со опиум, талибанците сега во свој „стил“, брутално се справуваат со зависниците, пишува српскиот портал Noizz.

Шест месеци по освојувањето на власта, илјадници зависници-бездомници се затворени во болници кои повеќе наликуваат на концентрациони логори. Властите тврдат дека тие се на тримесечен третман за детоксификација, но сведоштвата на пациентите велат дека многумина ги завршуваат животите во нехуманите услови на авганистанските „клиники за одвикнување“.

Фото: ЕПА/ЕФЕ

Во една таква „болница“ во Кабул, стотици зависници се туркаат во трикреветни соби, со малку или без никаква храна, принудени да јадат трева за да ги ублажат болките од гладта.

Од овие места се слушаат и ужасни сведоштва: луѓето таму, наводно, преживуваат јадејќи мачки, а има и гласини за канибализам.

Во разговор со дански новинари минатиот месец, еден од зависниците раскажал грозоморна приказна: сведочел на убиството на човек, на кого му ги извадиле цревата, ги испекле на оган и ги изеле.

Друг затвореник, кој се претставил како Абдул, рекол дека е вообичаено луѓето тука со денови да бидат без храна и дека постојано се умира од глад.

„Еве, вчера луѓе јадеа мачки во паркот. Еден ѝ ја исече главата на мачката и така ја изеде“, изјави тој за Данмаркс радио, јавниот медиумски сервис во Данска.

Авганистан долго беше најголем светски снабдувач на опиум и хероин, произведувајќи повеќе од 80 отсто од количеството на овие дроги. Врвот бил достигнат во 2017 година, кога била произведена дрога вредна 1,4 милијарди долари, според ООН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот