Засилувањето на МЗТ Скопје најавува трофеи: Верувам дека можеме да ја одбраниме двојната круна

Рикиќ ќе биде вистински бедем во рекетот на „металците“/ фото: МЗТ Скопје Аеродром

Хрватскиот интернационалец Роберт Рикиќ (31 год, 2019 см), во новата сезона ќе настапува за освојувачот на двојната круна во мак баскетот, МЗТ Скопје.

Добрите игри минатата сезона во дресот на Еуро Никел со кого играше во финалето на плеј-офот, беа доволна препорака за управата на „металците“ да го ангажира 219 сантиметри високиот Рикиќ кој ќе претставува константна опасност под обрачот на сите противници.

– Уште пред да пристигнам во Македонија знаев многу работи за МЗТ Скопје Аеродром. Среќен сум што добив шанса да бидам дел од клубот кој е синоним за македонската кошарка во регионот. Сѐ уште сме на почеток од подготвките, полека се комплетираме и мислам дека пред нас е добра сезона. Имаме добар состав со одлични момци, хемијата полека се создава и верувам дека со напорна работа и максимална борба ќе успееме да го оствариме тоа што од нас се бара – да ја задржиме двојната круна во Аеродром. Нема да биде лесно, противниците исклучително се засилија летово, но на нас е да го оставиме срцето на теренот и да им покажеме на навивачите дека заслужуваме да го носиме овој дрес – изјави Рикиќ за официјалната интернет страница на МЗТ Скопје Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот