Засадено дрво на мирот во дворот на Царинската управа

фото: МИА

Министерката за финансии Нина Ангеловска, генералниот секретар на Светската царинска организација (СЦО) Кунио Микурија и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска во дворот на Царинската управа засадија Дрво на мирот.

Дрвото е засадено на маргините на 14. Конференција за партнерство во царинското истражување и развој – ПИКАРД, што годинава се одржува во Скопје, а ја симболизира посветеноста кон заедништвото во рамки на големото царинско семејство и заложбата за натамошно развивање на досегашната соработка.

На тридневната конференција се разговараше за важноста од брзото движење на луѓе, стоки и превозни средства преку границите, за координацијата и соработката меѓу царинските служби, прекуграничната е-трговија, а посебно внимание беше посветено на примената на новите технологии во царинското работење.

Изборот за домаќин на конференцијата е потврда и признание за напредокот што е постигнат во процесот на модернизација на Царинската управа и прифаќањето и спроведувањето на инструментите и конвенциите на СЦО за реформите и учествата во глобалните снабдувачки синџири и олеснување на трговијата.

Република Северна Македонија е членка на Светската царинска организација од 1 јули 1994 година и активно учествува во нејзината работа. Основна цел на оваа организација е постигнување на највисоко ниво на хармонизација и еднообразност на царинските системи, проучување на проблемите на кои се наидува во развојот и подобрувањето на царинските техники и царинското законодавство.Таа е независно меѓувладино тело каде членуваат 183 царински управи од целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот