Запреа последните возови меѓу Русија и ЕУ

Малку по 19 часот по локално време, експресниот воз „Алегро” од Санкт Петербург пристигна во главниот град на Финска, Хелсинки, со што беше означено затворањето на последната железничка врска меѓу Русија и ЕУ.

Финскиот железнички оператор „VR” во петокот соопшти дека го запира експресниот воз „Алегро”, за кој билетите редовно беа распродадени по руската инвазија на Украина, бидејќи Русите брзаа да ја напуштат земјата пред западните санкции да го направат тоа речиси невозможно.

И покрај недостатокот на официјална статистика, токму по инвазијата од 24 февруари илјадници Руси усепаја да ја напуштат земјата.

Бидејќи со затворањето на воздушниот простор беа забранети директните летови кон Европа, оние кои сакаа да ја напуштат Русија се свртеа кон летови преку Турција и Белград или кон патниот и железничкиот сообраќај.

Од почетокот на инвазијата околу 700 патници дневно патуваа со возовите за Финска, а услугата остана отворена на барање на финските власти, за да им дозволат на Финците во Русија да ја напуштат земјата доколку сакаат.

Меѓутоа, финската Влада во четвртокот ја информираше компанијата „VR” дека „актвиноста на оваа услуга веќе не е соодветна”, во светлината на тешките санкции против Русија, па сите возови од понеделникот се откажани.

Заеднички управуван од финската и руската национална железница, прекуграничниот воз „Алегро”, од неговото воведување во сообраќај во 2010 година, беше симбол на партнерството меѓу двете нации.

Претседателот Владимир Путин и неговата тогашна финска колешка Тарја Халонен заеднички патуваа со возот на церемонијата на отворање на линијата, а растојанието од 400 километри меѓу Хелсинки и Санкт Петербург беше намалено за два часа на 3,5 часа.

-Се надевам дека возот наскоро повторно ќе функционира нормално, рече Аља (50), која работи во Хелсинки, но редовно ги посетува пријателите и семејството во Санкт Петербург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот