Фото: Општина Центар

Започна пријавувањето за летно згрижување на деца од прво до трето одделение во Центар

Од Општина Центар информираат дека од 21 мај започнува пријавувањето за летно згрижување за деца до 10- годишна возраст, со цел, како што велат од локалната самоуправа, да им се излезе во пресрет на семејствата кои во текот на распустот имаат потреба од дополнителна поддршка поради работни обврски.

Програмата предвидува дневно згрижување на деца од прво до трето одделение, која ќе се реализира во повеќе, како што наведуваат од Општината, клонови на градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски Корчагин“.

-Во рамки на програмата, децата ќе престојуваат во безбедна и стимулативна средина, каде преку едукативни работилници, креативни активности и содржини соодветни на возраста, ќе бидат вклучени во квалитетно исполнет летен распуст- велат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски изјави дека оваа мерка е наменета да ги поддржи семејствата во периодот кога училиштата не работат, а родителите имаат редовни работни обврски.

„Оваа мерка преставува значајна поддршка за семејствата во период кога училиштата не работат, а родителите имаат редовни работни обврски. Наш приоритет е децата да бидат згрижени во безбедна, квалитетна и исполнета средина во текот на летниот распуст“, порача Герасимовски.

Бројот на места е ограничен, па затоа од Општина Центар ги повикаа заинтересираните родители навремено да аплицираат во градинките. Пријавувањето почнува од 21 мај, а родителите треба да достават документација согласно критериумите наведени во правилникот подолу.

Фото: Општина Центар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот