Западен Балкан е под сериозно злонамерно влијание, порача Муцунски од состанокот на НАТО во Шведска
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествува на министерскиот состанок на НАТО што се одржува во Хелсингборг, Шведска, а пред почетокот на самитот, тој оцени дека оваа средба претставува „клучна дестинација за евалуација на досегашните воено-политички постигнувања и подготовка за следните стратешки чекори на Алијансата“.
Препорачано
Шефот на македонската дипломатија вели дека главните теми на сојузниците ќе бидат насочени кон модернизација на воените капацитети и регионалната безбедност. Тој ја потврди и натамошната улога на земјата во „поддршката на меѓународните коалиции во кризните подрачја“.
Муцунски ги посочи геополитичките предизвици со кои според него се соочува нашиот регион, предупредувајќи дека постојат реални безбедносни закани во непосредното опкружување на Македонија.
„Западен Балкан останува област во Европа во која постои сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори и каде што сè уште постојат безбедносни ризици“, изјави министерот, според соопштението од МНР.
Како што се додава, тој нагласил дека „НАТО е сојуз кој станува сè посилен благодарение на нашата посветеност на 5 отсто трошење за одбрана“.
Бугарската министерка Чамова рече дека се сретнала со Муцунски, тој вели: Тоа не беше средба


