Велислава Чамова Петрова / Фото: Фејсбук / Министерство за надворешни работи на Бугарија

Бугарската министерка Чамова рече дека се сретнала со Муцунски, тој вели: Тоа не беше средба

Тоа што се случило било „кратка размена на зборови на маргините на настан“, појаснува шефот на нашата дипломатија

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, од Брисел преку социјалните мрежи реагира на изјавата на неговата нова бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова, во која таа рече дека двајцата одржале билатерална средба. Муцунски сега вели дека не се одржал официјален состанок и посочува дека тоа што се случило било „кратка размена на зборови на маргините на настан“.

„Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува „средба“, тогаш денес навистина имавме многу „средби“. Воедно, би сакал да потсетам дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ“, вели Муцунски во објавата.

„Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит. А, како што ѝ кажав на Велислава, се надевам дека наскоро навистина ќе одржиме средба – во пријателска и позитивна атмосфера, насочена кон градење добрососедски односи и нашата заедничка европска иднина“, додава министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот