Замор – болест на модерното време! Дали знаете дека сината боја е таа која нè прави да се чуствуваме најуморни?

Некои работи потсвесно нè вознемируваат…

Во ерата на модерната технологија сè е замислено да ѝ користи на нашата удобност, односно да не нè заморува премногу. Но, тогаш зошто денес имаме голем пораст на синдромот хроничен умор, недостаток на енергија и слични состојби?

Не работиме повеќе од порано

Во споредба со минатото, луѓето денеска, ако ништо друго, се помалку активни од порано, на пример, пред 50 или 100 години. Ова пред сè се однесува на физичката активност и работата како првенствена причина на физичкиот замор. Но, не нè уморува само физичката работа, туку и тоа што делува на нашата психа, тврдат експертите кои постојаниот умор го нарекуваат – болест на 21 век.

Неправилна температура

Човечкото тело е програмирано најдобро да функционира на температура помеѓу 17 и 20 степени. Ако во вашиот стан е постудено или пак, потопло од препорачаното, тогаш можат да се јават симптоми како што е поспаност, мрзеливост, лоша циркулација.

Попречување на видот

Иако изгледа како психолошки трик, истражувањата покажуваат дека некои визуелни ефекти нè заморуваат повеќе од другите. Како одличен пример се истакнуваат боите, каде што сината. Таа  боја нè прави да се чуствуваме најуморни. Затоа, сината треба да биде резервирана исклучиво за спалната соба, затоа што е докажано дека ја успорува работата на срцето, го намалува крвниот притисок и предизвикува поспаност.

Мобилен телефон и гаџети

Нашата зависност од оваа технологија се наведува како главен виновник за уморот- затоа што покрај нив никогаш до крај не се опуштаме, односно не ги исклучуваме. Затоа, спиењето во близина на телефони, телевизија и слични уреди има исто влијание како нарушениот сон.

Неред

Факт е дека нередот нè уморува, затоа следниот пат кога ќе ни се спие, за тоа слободно може да ја обвиниме нашата несредена маса или непегланата гардероба. Докажано е дека нередот има лошо влијание на моќта на нашата концентрација, така што фокусот е насочен на работите кои потсвесно нè вознемируваат, предизвикувајќи конгнитивно оптеретување.

Нездрава – брза храна

Храна богата со шеќер и јагленохидрати никогаш не била толку застапена во исхраната на луѓето како што е денес. После конзумирањето, таа предизвикува енергетски пораст, но потоа опаѓа шеќерот и предизвикува силно чуство на замор и поспаност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот