Замислете да ставам четири деца во првиот тим на Барселона, веднаш ќе ме избркаат

twitter/Barça Watch

Тренерот на каталонците, Кике Сетиен изјави дека не е задоволен од начинот на кој управата се грижи за младите фудбалери.

Сетиен смета дека младите фудбалери не се користат доволно, а кога на нив сериозно се смета тоа не се прави на вистинскиот начин.

– Плаљнирањето на минутажата за младите фудбалери не би требало да биде нешто на кое само јас размислувам, тоа треба да биде стратегија на целиот клуб и тоа во пресрет на секоја сезона. Доколку имате екипа со пет играчи кои се најдобри на светот на своите позиции, тогаш е многу тешко да им даде шанса на младите. Нашата цел е да освоиме се, но сакаме и нашите 17-годишни фудбалери да добијат шанса да се развиваат. Сите зборуваат за тоа како сакаат да победат, а замислете во првиот тим да ставам четири деца, па веднаш ќе ме избркаат – изјави Сетиен.

Ансу Фати

Славната фудбалска академија Ла Масија во последните години е ставена во втор план од страна на управата иако од неа излегоа дури четворица фудбалери на првиот тим на Барселона, Лионел Меси, Жерар Пике, Сехио Бускетс, Серхио Роберто, а сезонава блесна и 17-годишниот Ансу Фати.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот