ФОТО | Замина легендата од Вудсток: Како Кантри Џо со една гитара и моќна порака го „промени светот“
Американскиот хипи рок-музичар Џо Мекдоналд познат по прекарот „Кантри Џо“ почина во неделата во Калифорнија на 84 години, поради компликации од Паркинсонова болест, потврди неговата сопруга Кети Мекдоналд. Мекдоналд напиша стотици песни, од психоделични импровизации до рок композиции со соул влијание, a објави десетици албуми.
Препорачано
Особено се прослави со неговата најпозната антивоена химна „I Feel Like I’m Fixin‘ To Die Rag“ (1967), со која протестираше против Виетнамската војна и го направи ѕвезда на фестивалот Вудсток.
Песната, сепак, му донесе и професионални и правни последици. Во 1968 година, телевизискиот водител Ед Саливан го откажа настапот на неговиот бенд „Country Joe and the Fish“, а по настапот на Вудсток, Мекдоналд беше уапсен и казнет затоа што на концерт во Масачусетс повторно ја користеше истата воведна фраза, а тоа многу го забрза распаѓањето на бендот.
Мекдоналд продолжи да пишува протестни песни, меѓу кои и „Save the Whales“ (1982). Роден е во 1942 година во Вашингтон, а пораснал во Ел Монте, Калифорнија, каде како тинејџер сам научил да свири фолк, блуз и кантри на гитара.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


