Замена во 25 секунда: Кај мене играат најдобрите, а не младите фудбалери! (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

Зошто тоа го направи тренерот на Клуж, Петреску? Во романската лига има правило секоја екипа меѓу стартерите да има барем двајца играчи помлади од 21 година.

Тренерот на романскиот фудбалски клуб, Клуж, се најде во центарот на вниманието. Правилата постојат за понекогаш да бидат прекршени.

Дан Петреску направи еден несекојдневен потег на затворањето од второто коло на плеј-офот во романската Лига 1 откако во текот на гостувањето со Газ Метан (0:0) замени играч после само 25 секунди.

Зошто тоа беше направено? Имено, Романците минатото лето воведоа правило дека секоја екипа меѓу стартерите на првенствените мечеви има барем двајца играчи помлади од 21 година.

Еден од нив мора да игра цел меч, а другиот може да биде заменет. Петреску очигледно добро го анализирал правилото, бидејќи никаде не пишува колку еден од тие двајца мора да се задржи на теренот.

Па, така Петреску одлучи на „мета“ да биде несреќниот Разван Али Фика кој има 18 години.

– Ќе го поставам меѓу првите 11 само за да биде испочитувано правилото околу У21 играчите. Фика е талентиран играч, имаме доверба во него, но треба да игра мечеви во својата категорија пред да се најде во првиот тим. За негова несреќа, вечерва ќе игра малку – рече тренерот на Клуж, Петреску за „Диги спорт“.

Ваков потег Петреску ваков несекојдневен потег најави уште во јули минатата година:

– Доколку пуштам играч на теренот да игра само пет минути, како тоа ќе влијае на неговиот развој? Како го едуцирам? А морам да го имам во тимот. Немам друга опција, освен да се најде во стартните 11 од првата минута. Правилото е против фудбалот. Не се добри резултатите на нашата млада репрезентација поради ова правило, туку затоа што имаме квалитетна генерација. Доколку некој вреди, ќе игра било каде било и кога.

Не заборавајте дека поголемиот број на млади репрезентативци доаѓаат од Академијата на Георге Хаџи, така што правилото за мене нема никаква смисла. Како тренер, врзани ми се рацете и нозете. Не е фер. На теренот морам да ги имам најдобрите – додаде Петреску.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот