Законот за здравствена заштита остана закочен, 130 млади лекари остануваат во неизвесност

Групата на кофинансирани специјализанти како и специјализантите од 2015 година останаа заложници на неизгласаните промени на Законот за здравствена заштита, како
дел од Предлог законот на 123-та седница на Собранието, наведуваат во соопштението група на кофинансирани специјализанти.

Со ова, велат тие на 30 лекари-специјализанти им е оневозможено да полагаат специјалистички испит, а со тоа и здравствениот систем останува покус за исто толку специјалисти. Во наредните 9 месеци уште 100 лекари-специјализанти нема да може да полагаат специјалистички испит. Исто така, 130 млади лекари на кофинансирана специјализација остануваат во неизвесност до некои подобри времиња.

-Поради сето ова, се обраќаме до Претседателот на Собранието, гдинот Талат Џафери и до сите пратеници, 47-та точка од 123 седница да биде изгласана пред новогодишните празници и со тоа еднаш засекогаш да се решат проблемите на повеќе од 250 млади
лекари. Се надеваме дека ќе имате слух за нашето барање и со тоа малку ќе придонесете за останување на младите лекари во земјава- наведуваат во соопштението од групата на кофинансирани специјализанти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот