Законот за задолжителна вакцинација на возрасни помина во австрискиот парламент

Австрија фото Архива на Слободен печат

Горниот дом на австрискиот парламент усвои закон со кој вакцините против коронавирус ќе бидат задолжителни за возрасни, што е прв таков чекор во Европската унија.

Околу 69 отсто од населението во Австрија е целосно вакцинирано, што е една од најниските стапки во Западна Европа. Со овој потег, новата влада остана на одлуката што ја објави поранешниот канцелар во ноември, и покрај сомневањата дека таа никогаш нема да биде целосно спроведена.

Заложбата, која треба да се спроведува етапно, најверојатно ќе стапи на сила во рок од неколку дена, но полицијата ќе почне да проверува дури на 15 март за да види дали луѓето кои ги застанува во редовните патроли се вакцинирани. Подоцна, во третата фаза, ќе почнат потемелни проверки кога ќе профункционира регистарот за вакцинација.

„Се надевам дека воопшто нема да ни треба трета фаза. Ако експертите велат дека тоа не е потребно, ако уставните адвокати велат дека е непропорционална, третата фаза нема да се случи“, изјави министерот за здравство Волфганг Мукштајн за радио ОРФ неколку часа пред законот да биде изгласан со 47 гласа за и 12 против.

Истовремено, Владата ги олеснува епидемиолошките мерки за невакцинираните бидејќи зафатеноста на болничките кревети на интензивна нега е на добро ниво.

Пред да стапи на сила, законот за задолжителна вакцинација претходно треба да биде потпишан од претседателот Александар Ван дер Белен и канцеларот Карл Нехамер, формалност што ќе трае само неколку дена. Владата веќе подолго време зборува дека обврската за вакцинација ќе почне од почетокот на февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот