Закани за отказ во НОБ ако се хранат мачки

Фото: Профимедиа

Директорот на Националната опера и балет (НОБ), Васо Ристов, преку соопштение на вработените и хонорарците им истакнал заканувачка порака. Тој забранил да ги хранат мачките околу објектот, ако не ја почитуваат забраната ќе бидат казнети.

Дисциплински казни ќе добијат вработените, додека, пак, на хонорарците кои хранат мачки им се заканува отказ од НОБ.

– За непочитувањето на забраната, вработените ќе одговараат дисциплински, а за хонорарните соработници ќе се преиспитува неопходноста од нивниот натамошен ангажман. Со почитувањето на оваа забрана ќе се придонесе за подобрување на хигиенската состојба на објектот и намалување на можностите за внесување на зарази и паразити – пишува во соопштението од директорот Ристов упатено до вработените и хонорарците во НОБ.

Соопштението истакнато во НОБ, на социјалната мрежа „Фејсбук“ го сподели оперскиот пејач, Игор Дурловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот