Фото: ffm.mk

Зајков: Што побрзо да ја заборавиме Данска со добра игра и резултат во Даблин

Најдобрите македонски фудбалери се подготвуваат за пријателскиот натпревар што ќе се игра во вторник, 31 март, со почеток од 20.45 часот во Даблин против Ирска.

По поразот од Данска во Копенхаген во полуфиналето на плејофот за пласман на Светското првенство 2026, избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе се обидат да го поправат впечатокот и со добра игра да дојде до позитивен резултат против Ирците.

Контролниот меч на стадионот „Авива“ во Даблин ќе го суди Велшанецот Иван Арвел Грифит.

Овие две селекции досега се сретнале петпати, четири победи оствари Ирска, една Македонија, а еден меч заврши реми.

-Данска е навистина квалитетен противник. Добро се боревме во првото полувреме, пробавме да затвориме секаде каде што можевме, за жал, во второто полувреме падна концентрацијата, примивме гол. Сега од овој аспект после направена анализа и размислување, имаше неочекуван пад после првиот гол. Значи, треба да се фокусираме на тие моменти, кога ќе се прими гол, да не се паѓа како екипа, туку да пробаме да се дигнеме. Ќе пробаме тоа да го решиме во иднина. Тренираме, сега се подготвуваме за натпреварот со Ирска. Не постои пријателски меч, значи секој натпревар треба да се игра за да се победи. Да се надигруваме, како што го правевме тоа во минатото, и да покажеме добра игра. Најважно од аспект на тоа што претходниот натпревар го загубивме на таков начин, а исто многу важно и за психолошкиот дел кај играчите, е да да го дадеме максимумот да се направи добар резултат, за што побрзо да се заборави Данска. Само така можеме да се издигнеме нагоре, и за наредните собири, квалификации, да изгледаме подобро – вели македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот