Зајков: Против Бугарија ќе биде посебен натпревар

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз од 2:0 на гостувањето во Тбилиси против Грузија со што ги загуби шансите за првото место во групата 4 во дивизијата Ц во Лигата на нации кое водеше во баражот за пласман на Европското првенство 2024 година.

Дефанзивецот Ѓоко Зајков смета дека иако Македонија беше подобар тим на теренот на „Борис Паичадзе Динамо Арена“, Грузија на крајот ги освои бодовите.

– Прво сакам да им честитам на Грузијците за победата, иако по мене таа беше незаслужена. Доминиравме на терен, но противникот ги искористи шансите. Тоа е фудбалот, грешките се составен дел од оваа игра. Штета што ние не ги искористивме нашите шанси. Сега против Бугарија на терен да истрчаме со подигнати глави. Не верувам дека ќе имаме психолошки пад на тој натпревар. Нашата цел е три бода, иако тие не ни се важни во овој момент. Против Бугарија ќе биде посебен натпревар, ќе играме за чест и гордост и за да ги израдуваме нашите навивачи со нова победа – рече Зајков.

Натпреварот против Бугарија ќе се игра в понеделник на Националната Арена „Тодор Проески“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот