Захариева: Преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија не треба да се одложуваат - Слободен печат

Захариева: Преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија не треба да се одложуваат

Започнувањето на преговорите за членство во ЕУ на Република Северна Македонија и на Албанија не треба да се одложува поради францускиот предлог за нова методологија за преговорите за присоединување. Тие процеси можат да се одвиваат паралелно, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за време на конференција во Софија посветена на Западен Балкан.

– Дел од реформите, предложени од Франција, се прифатливи за Бугарија, но тоа не значи дека давањето зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија треба да се одложи до усвојување на новата методологија. Двата процеса можат да продолжат истовремено, истакна Захариева.

Таа изрази надеж дека во следните шест месеци Скопје и Тирана ќе добијат зелено светло за почеток на преговори со ЕУ.

– Понекогаш сум еден од најгласните министри за надворешни работи дека ЕУ не може да донесе одлука. За тоа не е виновна само Унијата. Голема одговорност имаат и земјите кандидатки, додаде шефицата на бугарската дипломатија.

Захариева се осврна и на постигнатиот напредок во процесот на евроинтеграциите на шесте земји од Западен Балкан, потенцирајќи дека „работите на Балканот никогаш не се црни или бели”.

Според Захариева од една страна, на пример, постои договор за пријателство и добрососедство со Република Северна Македонија, но од друга страна, тој не се исполнува со доволно добро темпо, особено во делот за историјата. Исто така, има отворени многу преговарачки поглавја со Црна Гора, но постои и блокиран дијалог меѓу Белград и Приштина. Потребна е една година да биде формирана влада во БиХ, а истовремено има напредок во евроатлантските интеграции со усвојување план за акција и соработка со НАТО, нагласува бугарската министерка.

Прочитај повеќе

Голем пожар во зграда во Загрев (ВИДЕО)

Слободен Печат

Најмалку 23 цивили загинаа во руски воздушен напад во Сирија

Слободен Печат

Расправија во Сенатот за правилата на процесот на импичмент на Трамп

Слободен печат

Столтенберг: НАТО мора да ги засили обуките во Ирак за да не се повтори борбата против ИД

Слободен печат

Зголемувањето на платите во јавниот сектор во Шпанија државата ќе ја чини 3,21 милијарди евра

Слободен Печат

Владата обезбеди материјална помош и домување за Атиџе и осумчленото семејство во „Медена земја“

Слободен Печат

Остави Коментар

2 + eleven =

Прочитај повеќе

Најнова месечна прогноза: Заврши зимата во Европа

Слободен печат

Прв случај на заразен од коронавирусот во САД

Слободен Печат

КЛИМАТСКА КРИЗА: Шпанската влада предложи мерки за борба против климатските промени

Слободен печат

Трамп и Фон дер Лајен имале „многу добар разговор“

Слободен печат

Лавров: НАТО започнува опасна игра со прогласување на вселената и кибер просторот за свои оперативни домени

Слободен печат

ВНИМАВАЈТЕ: Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

Слободен Печат