Загрижувачки фотографии од славната водителка: Поради болеста зглобовите и позелениле (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Американската водителка и претприемачка Венди Вилијамс (56) која од 2008 година го води популарното шоу „The Wendy Williams Show”, боледува од лимфедем.

Таа била сликана додека одела кон своето студио во Њујорк, а на неа јасно можело да се види што и направила оваа болест на нејзините зглобови.

Лимфедем е состојба која предизвикува отекување на нозете и стапалата, но и многу други проблеми, а глетката која загрижи многумина е тоа што нејзините зглобови позелениле.

Фото: Инстаграм

Лимфедем е прогресивно отекување на меѓуклеточното ткиво, на одреден дел од телото, најчесто на еден или повеќе екстремитети, каде во меѓуклеточниот простор се наталожува лимфа, бидејќи не може да се излее ниту со лимфна ниту со венска циркулација.

Тоа е тешко, хронично, прогресивно, долготрајно и неизлечиво заболување.

Фото: Инстаграм

Водителката неодамна во својата емисија откри дека изгубила 25 килограми за време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот.

Венди во оваа прилика преку фустанот облече шик „Chanel“ капут и носеше „Hermes“ торба. На лицето носеше заштитна маска, а изгледаше и малку тажно.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот