Загина тракторист кај Неготино

Несреќа со трактор/ Фото: МИА

Вчера попладне, 45-годишен неготинец загина, откако, додека извршувал земјоделски работи со својот трактор на нива, тракторот се превртел и тој починал. Според полицијата, вчера околу 18 часот во полициската станица во Неготино било пријавено дека во периодот од 17 до 17.30 часот, додека З.С.(45) од Неготино вршел земјоделски работи со трактор на нива во атарот на село Тимјаник, земјоделската машина се превртела и го усмртила возачот.

Лекар од Итна констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Неготино, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот