Загина грчки морнар во пожарот на товарниот брод во Арапското море
Во пожарот што изби на товарниот брод во сопственост на грчка бродска компанија, додека пловел во Арапското море, загина еден морнар, повреден е уште еден, а и двајцата се грчки државјани, јави дописничката на МИА од Атина.
Препорачано
Министерот за поморство и островска политика на Грција Јанис Плакиотакис во интервју за грчката телевизија „Скај” рече дека од 18 членови на екипажот, пет се Грци, а меѓу нив и загинатиот и повредениот морнар.
– Пожарот е изгасен, сега, членовите на екипажот се обидуваат, доколку можат, одново да ги стават во функција моторите, секако дека се бара и помош. Но, бродот се наоѓа 550 наутички милји од брегот на Оман. Бродот што е најблиску до нив е брод на американската воена морнарица и е на 650 наутички милји. Бродот, всушност, во овој момент плови сам – рече Плакиотакис .
Карго бродот „Фанеромени” што плови под грчко знаме од Обединетите Арапски Емирати кон Северна Африка, е празен, односно без товар, а засега се непознати причините за пожарот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
6мин
-
18мин
-
30мин
-
49мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


