Загина директорот на ридско-брзинската трка во Пробиштип!

фото: facebook.com/Автомобилистичка-федерација-на-Македонија

Пред два дена Општина Пробиштип ги најави денешните официјални ридски трки кои се дел од шампионатот на Македонија во автомобилизам.

Во саботата се одржаа тренинзите, а денеска покрај свеченото отворање според програмата беа првата и втората трка.

За трките беа пријавени 30 учесници, а своето присуство го потврди и најуспешниот наш натпреварувач во автомобилизам, Игор Стефановски – Иџе.

Учесник во трката пред самиот финиш изгубил контрола над возилото и удрил во 62 годишниот Кире Андреевски-Кирца., директорот на трката кој го загуби животот.

Тој воедно беше член на Автомобилистичката федерација на Македонија информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Сакам да изразам искрено жалење и сочувство до семејството и неговите другари од Автомобилистичката федерација на Македонија. Знаејќи ги сите ризици кои ги носи овој спорт посакувам ваквите немили настани да се што поретки или воопшто да не се случуваат – вели Анастасов.

Воедно се огласија и од „Custon Car Racing Team“ на својата фејсбук страница:

фото: принтскрин/facebook.com/Customcarracingteam/

Крајната неспособност на АФМ денес доведе до жртва!
На крајно небезбедна патека без банкини која незнаеме како можеле да ја лиценцираат и направат безбедносен план во Пробиштип каде овој викенд организираа ридско-брзинска трка згасна човечки живот кој беше удрен од тркачки автомобил на целта при тоа беше и дел од организацијата.

Одговорноста за овој настан треба да сноси целото раководство на АФМ а тоа се Ранко Станојковски, Павле Доневски и неговиот клуб Проспорт и Кристина Станојковска. Големо сочуство до фамилијата од нас како спортски клуб – пишува фејсбук страницата „Custom Car Racing Team“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот