Зафировски: Компаниите кои работеа непрофесионално или ќе се приспособат или ќе затворат

Сергеј Зафировски, сопственик и CEO на Инсајдер ИД во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за влијанието на пандемијата предизвикана од Ковид-19 во економијата.

-Ние не сме ни свесни што пандемијата ќе значи за економијата. Се ќе биде поразлично. Сакавме да го процениме временскиот период на кризава која што трае, затоа што, пред се тоа е најважната информација.

Секако, колку и да звучи „нелогично” да го кажам ова, ваквите кризи до одреден степен претставуваат и можност. Едноставно ќе има “чистење” на многу компании, системските проблем ќе излезат на виделина и ваквата ситуација ги приморува компаниите да ги решаваат проблемите со поголема брзина, вели Зафировски.

Компаниите ќе мора да се прилагодат на новите услови или ќе затворат.

–Сите компании кои работеле непрофесионално или пак се провлекувале поради тоа што ситуацијата го овозможувала тоа, сега веќе или ќе се приспособат што со оглед на краткиот период е приближно невозможно или ќе затворат. Ова донекаде, доколку се разбира успешно ја преживееме кризата, може за нас да преставува многу повеќе како можност отколку како закана.

Корона кризата наметна и електронски начин на продажба.

-Нема екстрем кој што е позитивен. На краток рок маркетите ќе имаат огромна продажба. Но, овој раст на продажбата е најголем процент на производи што имаат долг рок на трање, така што тие продукти ќе испаднат во продажбата во наредниот период.

Големите маркети го дочекаа моментот за електронска продажба. Ќе имаат бенефит сите, но и тука ќе има влез на голем број на играчи. Ако ова трае подолго, на пример подолго од шест месеци електронската трговија може да им влезе во крвта на граѓаните, изјави Зафировски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот