Заев: Секаде јавно повторуваме – не преговараме за јазикот и индетитетот

Уште кога излезе оваа неточна информација веднаш ја демантиравме од Владата. Неколку пати сме повториле и тоа секаде јавно и пред сите европски институции – за Македонскиот јазик и за Македонскиот идентитет не преговараме, ниту пак некој има право да преговара. Ова за ТВ 21 го истакна премиерот Зоран Заев кој тврди дека предлогот што го однел во Софија се однесува на Патоказот.

„Предлогот што го доставивме во Бугарија е Патоказот, согласно кои двете страни се обврзуваме за зголемување на ефикасноста во сите области на соработка со конкретни рокови и задолжени институции, меѓу кои е и предлог за интензитетот на идното работење на историската образовна комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија“, вели Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот