Заев и Жбогар со очекувања за напредок на земјата на евроинтегративен и економски план

 Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со  евроамбасадорот Самуел Жбогар кој го завршува својот мандат во земјава. Владината прес-служба информира дека на средбата се изразени очекувања дека Северна Македонија успешно ќе ги почне преговорите со ЕУ и оценето е дека по изборот на новата Влада видлива е нова енергија за ефективна работа.

– Владата е формирана на стабилни основи и очекувам во еден полн мандат, низ заедничко работење внатре во владината коалиција и со одговорно однесување на сите политички субјекти, да покажеме резултати во квалитетот на живот на граѓаните, кон подобрување на животниот стандард и функционална правда – рече премиерот Заев.

Соговорниците оцениле дека граѓаните ги почитуваат храбрите и искрени одлуки на политичарите кои отвораат перспективи и дека во следниот период, по затворањето на предизвиците што го блокираа развојот на државава, се отвора простор за засилен економски развој.

На средбата, премиерот Заев изразил и благодарност до евроамбасадорот за неговиот придонес во сите важни политички процеси во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот