Заев-Брнабиќ за Морина: Не можеме да се мешаме до правосудните одлуки

Србија во изминатиот период остро регагираше откатко Томор Морина, беше ослободен од едномесечниот екстрадициски притвор во Скопје. Тој е осомничен за злосторства врз српското население за време на војната во Косово во 1999 година. Морина бил активен на боиштата околу областа Дукаѓини.

Па поради тоа од страна на медиумите беше поставено прашање до премиерката Брнабиќ дали денеска се разговарало на оваа тема, како и ставовите на двете земји во врска со Косово и Метходија и воведените забрани со увозот на мед и компири.

– Денеска темите на разговор беа секако економската соработка, надворешната трговска размена, меѓусебната иднина на двете земји, а тоа го сторивме со сите спогодби кои ги потпишавме. Што се однесува до политиката разговаравме и за Косово, а тоа е исклучително важна тема во која не се согласуваме, но сепак разговараме. Што се однесува со Морина, ние тука не можеме да се мешаме во правосудниот систем на една држава, но тоа е што е. Нормално дека ги следиме случувањата со забраните, затоа што и ние го имавме истиот проблем. Ние донесуваме одлуки и покрај забраните и гледаме да најдеме решение и алтернативи – вели Брнабиќ.

– Разговараме на многу теми со мојата колешката, секако и на оваа со екстрадицијата на Морина. Да потврдам како што рече Ана, одлуката е на правосудните органи, па поради тоа можам да кажам дека овие одлуки во нашата држава се носат без притисок на политиката. Во врска со воведените забрани од страна на Косово, очекувам дека властите на оваа земја ќе ги тргнат истите и ќе продолжиме и натаму да соработуваме – потенцираше Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот