Задолжителна вакцинација за сите здравствени работници, на работа само со вакцинален сертификат или ПЦР тест

Венко Филипче /Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

Сите вработени во јавна и државна администрација нема да може да влезат на работното место без да покажат сертификат за вакцинација, пцр тест не постар од 72 часа или сертификат за прележаност на ковид 19.

Оваа рестрикција денеска со консензус ја препорачале сите членови на Комисијата за заразни болести и ќе се најде на дискусија на кризен штаб и на владина седница.

За проверка на сите вакцинални сертификати ќе биде задолжен редар на влез на институцијата.

Комисијата препорача вакцината да биде задолжителна за сите здравствени работници.

Мерката ќе стапи на сила 10 дена откако ќе биде изгласана од владата.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека се охрабруваат и приватните компании да го направат истото односно да бараат доказ за вакцинација или негативен пцр тест или сертификат за прележаност, откако тоа го побарала стопанска комора.

Сертификатот за вакцинација што ќе треба да го прикажат вработените во јавниот сектор е за најмалку една примена доза вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот