Задолжителна вакцина за наставниците во Калифорнија

Вакцинирање/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Калифорнија станува првата сојузна држава во која наставниците и вработените во образовните институции ќе мораат да бидат вакцинирани. Тие имаат рок до почетокот на новата учебна година во САД, да бидат вакцинирани против коронавирусот или да се тестираат еднаш неделно, пренесува АП. 

Гувернерот на државата, Гевин Њусом, изјави дека таквите мерки се планирани поради загриженоста околу ширењето на заразниот делта сој. 

Задолжителната вакцинација се однесува и на приватните и државните училишта. Вакцинирани ќе бидат преку 800 илјади вработени. 

Во Калифорнија летниот распуст заврши, а во некои училишта наставата почна да се одржува со физичко присуство. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот