Бенјамин Нетанјаху / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Задоцнета порака со сочувство до Католичката црква од Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази сочувство до Католичката црква за смртта на папата Франциск во објава на социјалната мрежа „Икс“.

-Државата Израел изразува најдлабоко сочувство до Католичката црква и заедницата на католиците ширум светот за смртта на папата Франциск. Нека почива во мир – рече Нетанјаху во својата едноставна порака на англиски јазик, што ја објави во четвртокот навечер.

Израел на погребот на папата во сабота ќе го претставува неговиот амбасадор во Ватикан, Јарон Шајдман.

Ова е прва порака на израелскиот премиер по објавувањето на смртта на папата Франциск во понеделникот.

Израелскиот претседател Исак Херцог беше еден од првите официјални лица во светот кој реагираше тој ден на смртта на папата, поздравувајќи го „човекот со длабока вера и безгранично сочувство“.

Оттогаш, ниту Нетанјаху, ниту некој од неговите клучни министри не зборуваа јавно за смртта на папата, за кој во Израел генерално се сметаше дека има пропалестински став.

До пред смртта, папата Франциск често упатуваше критики за војната во Газа, а во својата велигденска порака укажа на „драматичната хуманитарна ситуација“ во енклавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот