Заборски: За првпат македонски каратисти се на највисокиот пиедестал на една европска универзијада

Прво злато за Македонија од една европска универзијада во екипна конкуренција/Фото: Bosko Zaborski

Македонската универзитетска карате репрезентација успеа во најтешката дисциплина борби мажи екипно, да го освои златниот медал. Ова е прв златен медал за Македонија од една европска универзијада во екипна конкуренција.

Успехот го постигнаа со четири победи следните репрезентативци Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски. Во Финалната борба нашиот тим беше поуспешен од Украина и ја совлада со резултат 3:1.

– Постигнавме голем резултат, за првпат на една европска универзијада македонските карате спортисти во екипна конкуренција се на највисокиот пиедистал. Задоволството е огромно во целиот тим. Екипниот медал е секако најтежок за освојување и затоа сите многу сме среќни.

Успехот е поголем бидејќи Давид Петков успеа и во поединечна конкуренција во тежинската категорија – 67 кг. да освои златен медал и заедно со бронзата на Ангела Мојсовска во категоријата – 68 кг. нè прави да бидеме многу горди. Вкупниот биланс од оваа универзијада за Македонија се два златни медали и еден бронзен медал – рече Бошко Заборски, селекторот на репрезентацијата на Македонија.

Во големото финале Петков со 2:0 триумфираше против Габриел Матијас Паула од Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот