Каратистот Петков го освои златниот медал на Европските Универзитетски игри

Давид Петков најдобар во категоријата сениори 67 кг. во Лоѓ, Полска/Фото: facebook.com/karateklubmakpetrol

Македонскиот каратист Давид Петков на Европските Универзитетски Игри во Лоѓ (Полска) се закити со златото во категоријата сениори до 67 килограми.

Во големото финале Петков со 2:0 триумфираше против Габриел Матијас Паула од Португалија.

Петков во првото коло со 3:0 го совлада Микита Румианцев од Украина, а во второто со истиот резултат го совлада Михал Јаншевски од Полска. Во четвртфиналето со 1:0 триумфираше против Британецот Џоди Вилсон, а во полуфиналето со 2:0 славеше против Валентин Наида од Украина.

Нашиот каратист можеше да освои уште еден медал на Игрите, но во борбата за бронзата над 84 кг. со 7:0 загуби од Полјакот Мациеј Гебка.

Уште еден член на карате клубот „Макпетрол“ дојде до еден од медалите, Ангела Мојсовска е „бронзена“ во категоријата сениори до 68 кг., а машката екипа на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на овие Игри го освои златниот медал во категоријата до 67 кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот