ЗАБАВА ЗА НАЈМЛАДИТЕ: Скопските основци ќе се тркаат со ролерки

ЈУ Детскиот културен центар „Карпош“ со поддршка од Град Скопје, годинава по осми пат ќе организира „Ролер трка 2019 “, наречена „Возиме кон иднината“. Во оваа спортска манифестација ќе учествуваат училиштата од градот и околината.

Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на најмладите, како и создавање навики за спортување.

– Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална и од година во година е се помасовна – информираат организаторите.

Во манифестацијата „Возиме кон иднината“, минатата година учествуваа околу 700 ученици, а годинава се очекува бројката да биде поголема. Учесници се деца од 30 и повеќе основни училишта од градот и околината.

На „Ролеријадата“ ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и женска категорија

Манифестацијата ќе се организира на 17 април (среда) во 12 часот. Стартната позиција ќе биде на Бул.„Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и се движи до клучката на бул „Илинден“ со ул.„Никола Тесла“ (кај ЈП Паркови и зеленило) и назад до целта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот