За раководителката на аптеката на Онкологија, аптекарот со митото не е поврзан со работењето на клиничката аптека

Билјана Настева, раководителка на Клиничката аптека на Онкологија на Анкетната комисија во Собранието, ги уверуваше пратениците дека тоа што аптекарот Калтрин Уштеленца беше приведен за мито од пациентка за да и издаде биолошка терапија Кејтруда, немало никаква врска со работењето на клиничката аптека туку со лична одлука на фармацевтскиот техничар. Инаку овој фармацевтски техничар е обвинет за примање поткуп, затоа што на пациентката Минка Веизовска и издал биолошка терапија Кејтруда, која чини илјадници евра, а за да го направи тоа, и побарал и примил пари (според обвинението). Предметот е во судски процес.

Според Настева, фактот што фармацевтскиот техничар приведен за земање поткуп, не бил фатен на клиниката и во просториите на аптеката, туку надвор, значи дека немало поврзаност меѓу неговите дејанија и работењето на клиничката аптека.

За фармацевтскиот техничар, Калтрин Уштеленца, не беше приведен во просториите на аптеката и ништо поврзано со работењето на аптеката. Кога се случи проблемот е направен попис и се беше во ред. Калтрин е фатен надвор од просториите на аптеката и надвор од Онкологија, за дело неповрзано со работењето на аптеката туку нешто што своеволно го направил. Не се чувствувам одговорна за мојот вработен. Не можам да ги контролирам моите вработени во текот на седум часовно работно време каде се движат и што прават. Во подрумските простории се чува физиолошки раствор за кој тие мора да вршат прием, рече Настева пред пратениците.

На прашањето дали чувствува страв и притисок од вработени или веледрогерија во однос на нејзиното работење на Онкологија таа рече:

Стравот е објективно чувство. Без разлика секогаш сум се обидувала да ја водам работата на аптеката најсовесно, најстручно и најодговорно. Сум имала проблеми со снабдувањето, сум спречувала одредени проблеми во аптеката од веледрогериите. Одговорно тврдам дека ниеден притисок не ми влијаел во однос на мојата законска работа. Секогаш сум се трудела најодговорно да ја сработам мојата работа, рече Настева.

Таа додаде дека кога Уштеленца бил приведен за митото, имало вонреден попис во кој учествувала таа, а во сите други пописи не учествувала.

На прашањето дали ако докторот напише извештај за пациент кој не дошол на преглед, за терапијата да се даде на друго лице, постои теоретска можност, Настева одговори потврдно.

Ние во аптека се водиме исклучиво по лекарскиот извештај и генералиите на пациентот запишани во извештајот. Не вршиме проверка дали е истиот пациент. Водиме само материјална евиденција согласно лекарскиот извештај, додаде Настева. Таа додаде дека пописот во клиничката аптека го врши комисија назначена од директорите, како претседател на комисијата има лекар и друг медицински персонал, најчесто сестри.

Пратеникот Зоран Коцевски ја праша дали некогаш некој и се има јавено да ја замоли одредена терапија да ја сочува, за да биде дадена на некое лице важно за тој што се јавил.

Во однос на јавувања, не сме имале јавувања од некој посебен, но аптека е осетлив дел каде секој очекува за некој свој да има ургенции за зачувување на лекот. Имало од лекари од медицинскиот персонал за некој свој, но мојот став бил секогаш да не се чува лекот зашто електронската состојба на секој лек во аптека е видлива, затоа ни доаѓаат контроли од Фондот и ако аптека не издаде лек, а го имаме на залиха е проблем. Електронската состојба на секој лек е видлива, рече раководителката на клиничката аптека Настева.

Потресен исказ за Онкологија во судница: Не ми беше за парите што му ги давав на аптекарот, туку затоа што не ми се даваше терапија!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот