Градски двокатни ЈСП автобуси на Рекорд / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

За продолжениот викенд автобусите ќе возат како во недела, жичницата пак нема да работи

Од утре, на празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, па до 3 мај, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираа од ЈСП „Скопје“.

Во петок и во недела, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, во периодот од 8 до 14 часот.

Во сабота, како што соопштија од ЈСП, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време, тие што работат во две смени  од 8 до 18 часот, а едносменските од 8 до 13 часот.

Жичницата на Водно повторно нема да биде во функција, веќе втор викенд по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот