За помалку од еден ден поделени сите 100.000 ваучери за одмор во Србија

Србија млади/ Фото Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

Вчера се поделени сите 100.000 туристички ваучери за летување во Србија од по 5.000 динари, изјави за агенцијата Бета, Урош Кандиќ, државен секретар во Министерството за туризам и млади.

„Аплицирањето за нови ваучери започна утрово и тие беа поделени за помалку од еден ден, што е рекорд досега“, рече Кандиќ.

Тој посочи дека тоа го потврдува големиот интерес на граѓаните да летуваат во Србија, поради што е одлучено да се обезбедат 500 милиони динари за оваа нова серија ваучери. Како што изјави Кандиќ, од 100.000 ваучери, 54 отсто биле поделени на пензионери, 29 отсто на вработени и 10 отсто на невработени.

Покрај најбараните дестинации Сокобања, Врњачка бања и Златибор, овојпат има и 4.200 угостителски објекти низ Србија, што е рекорден број на угостителски објекти во системот на ваучери досега.

Ваучерите може да се користат до 20 ноември годинава. Од 2015 година, кога е воведен овој систем, до 2022 година бројот на домашни туристи е зголемен од 1,3 милиони на повеќе од два милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот