За плукање фудбалерите ги очекува суспензија од 12 натпревари!

EPA/ADAM CIERESZKO

Во Романија играчите треба да бидат оддалечени најмалку два метри едни од други за време на загревањето…

Според новиот протокол подготвен од романската фудбалска федерација (ФРФ) и професионалната лига на земјата, играчите во романската лига би можеле да бидат суспендирани и до 12 натпревари за плукање пред можното продолжување на сезоната.

ФРФ се надева дека ќе продолжи првенството на 13 јуни, но потребно е одобрение од тамошната Влада. Федерацијата ги прекина сите фудбалски натпреварувања кон средината на март.

Играчите би можеле да се соочат со забрана од шест до 12 натпревари и парична казна за плукање на теренот или дување на носот, информира „Ројтерс“. Тие, исто така, треба да се вратат дома облечени во дресот со кој играле на натпреварот.

Играчите треба да бидат оддалечени најмалку два метри едни од други за време на загревањето, додека на стартниот состав и на замените нема да им биде дозволено да бидат заедно пред мечевите.

Романската лига ќе продолжи без гледачи и не повеќе од 150 луѓе можат да бидат на стадионите..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот