За Песков е неприфатлива споредбата на Бајден меѓу Путин и Хамас

Песков и Путин
Рускиот претседател Владимир Путин и потпаролот на Кремљ, Дмитри Песков/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Кремљ го осуди обраќањето на американскиот претседател Џо Бајден во кое тој ја спореди Русија со терористичката група Хамас и го нарече Владимир Путин „тиранин“.

– Не прифаќаме таков тон во однос на Руската Федерација, во однос на нашиот претседател, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Бајден, во вчерашното обраќање до нацијата од Овалната соба, рече дека САД мора да застанат со Израел и Украина пред Русија и Хамас, кои се обидуваат „целосно да ја уништат соседната демократија“.

– Не можеме и нема да дозволиме терористите како Хамас и тираните како Путин да победат. Одбивам да дозволам тоа да се случи, нагласи Бајден.

Песков рече дека таквата „реторика тешко одговара за одговорни лидери на држави и тешко дека може да биде прифатлива“ за Москва.

Напорите на САД да ја „задржат“ Русија ќе се покажат како неефикасни, додаде портпаролот на Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот