Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

За неколку часа во САД починале 15 луѓе од новиот коронавирус, а немале никакви симптоми

Во американската држава Вашингтон се забележани досега невидени случаи – луѓе починале без да покажат симптоми на вирусната инфекција, а биле заразени со новиот коронавирус.

Како што пренесуваат американските медиуми, во болницата Центер Лајф Кер (Center Life Care) во Киркланд дури 15 пациенти починале од Ковид-19 за само неколку часа и без видливи симптоми на болеста.

Болницата е позната како епицентар на епидемијата во Вашингтон. Десетици вработени се заразени, додека 55 пациенти чекаат тестирање. Болницата нема доволно тестови, а бројот на заразени лица е во постојан пораст.

Во установата има воглавно постари пациенти кои се со поголем ризи од компликации кои можат да бидат последица од заразата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот