жена ботокс
Фејсбук

ЗА МАЛКУ ЌЕ УМРЕЛА ПОРАДИ ЛАЖЕН ХИРУРГ: Пронашла лекар на ФБ, сега изгледа како ФРАНКЕНШТАЈН

Марсел Кинг има 63 години и сакала да се подмлади со помош на ботокс. Но, не ни можела да претпостави дека тоа може да тргне на лошо.

Таа за малку ќе умрела по интервенцијата, што се случувала во кујната на докторот Озан Мелин, кој по овој настан веднаш бил однесен во затвор.

Марсел платила 300 фунти за оваа интервенција, но она што ги шокирало луѓето не бил лошиот резултат, туку што жената преку Фејсбук барала лекар кој ќе и вбризга инјеции со ботокс.

Некои прокоментирале дури и дека добро поминала, но и дека немаат сожалување за луѓе кои за вакви сериозни зафати се консултираат преку социјални мрежи.

Марсел закажала преку спонзорирана реклама, а кога пристигнала во „ординацијата“, сфатила дека тоа е само кујна. Но, она што повторно ги разлутило другите е зошто не си отишла веднаш, туку дозволила да прими инјекции.

Потоа лицето ѝ отекло, а по кратко ѝ станало јасно дека ќе мора да побара помош од реален доктор. Таму сфатиле дека има анафилактичен шок и дека мора итно да се интервенира.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот